Стуткано, избришано, заборавено!

by Фокус

Системот на џендер „вредности“ тврди дека сѐ е конвенција и човек може да се идентификува како сака.  Да се чувствува и самоидентификува како мачка, глушец, куче, зајак, диносаурус. Може да се случи, на пример, кога евроатлантски џендер деца мјаукаат или лаат, па Македонците што се за „изолација“, неевропеизирани, нееманципирани и „русофили“, да се самоидентификуваат како шинтери и да почнат да ги ловат и таманат ваквите деца.

Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Библиската приказна за златното теле ја открива човечката природа за идолопоклонство, декаденција и материјализам.

Современиот фразеолошки израз, пак, „се sвери како теле во шарена врата“ се користи кога некој тапо и збунето гледа во нешто подолго време.

Како што тоа го чинат овдешните марионети кон кукловодите, кои од подлизување ги нарекуваат „стратешки партнери“ и „осведочени пријатели“.

Водечки проблем е глобализмот, метафорично наречен „златното теле“. Концепт да се нема личен и колективен идентитет, да се биде граѓанин X, род Y, традиционалните мајка и татко да се заменат со „родител 1“ и „родител 2“.

Да се биде бројка, да се нема корен, без национални и верски обележја. Да се биде роб на потрошувачко општество. Типични психопатски и социопатски симптоми на обратна проекција!

Евроатлантските лицемерни бирократи инсистираат поединецот да може да се чувствува и изјаснува како машко, женско или нешто сосема трето, без оглед на неговата генетика и полови атрибути.

Притоа, ги принудуваат сите останати да го признаваат тоа нивно чувство. Сѐ може да се преврне наопаку, дури и Светото писмо.

Единствено Македонецот не може да го изрази своето национално чувство! Ама, затоа, со законските измени, може ако е полнолетен со изјава од нотар да го промени полот во матичната евиденција.

Во духот на неолибералните „реформи“, да не бидат покусо, македонските корумпирани политичари дунстери, станаа „продадена невеста“.

ЏЕНДЕР „ВРЕДНОСТИ“

Суптилно, а богами сѐ позачестено и насилно, прифаќаат безрезервно, промовираат и наметнуваат западни „вредности“ сосема неприродни на внатрешното човечко чувство, перфидно сокриени зад борбата за права, слобода и еднаквост.

Екстремно перверзен глобализам, чија крајна цел е уништување на различностите и создавање безлична маса со зомбирани луѓе.

Преферирање потрошувачко општество, форсирање на материјалното, служење на моќните, сосекување на коренот и паметењето.

Терминот „глобализам“ долг период беше сосема непознат збор во македонскиот речник, речиси егзотичен, за разлика од западниот свет.

Денес се промовира како светски процес на концентрација и централизација на моќта и капиталот на олигарсите.

Од каде дојде и како се вовлече кај нас оваа накарадна идеологија, која опфаќа многу аспекти од општествениот живот, со акцент на разурнување на семејството и образованието.

Системот на џендер „вредности“ тврди дека сѐ е конвенција и човек може да се идентификува како сака.

Да се чувствува и самоидентификува како мачка, глушец, куче, зајак, диносаурус.

Може да се случи, на пример, гротескна, но сосема реална ситуација кога евроатлантски џендер деца мјаукаат или лаат, па Македонците што се за „изолација“, неевропеизирани, нееманципирани и „русофили“ да се самоидентификуваат како шинтери и да почнат да ги ловат и таманат ваквите деца.

СОЦИЈАЛДУИСТИЧКИ СОЈУЗ

Сѐ е можно! Го потврдува бизарното секојдневие со примерот на многу наши човеци, особено млади, кои наместо дечиња, чуваат и шетаат кучиња и мачиња.

Пропаста на Римското Царство ја забрзале токму декаденцијата, напуштањето на граѓанските вредности, развратот и неодговорноста.

Тотално пропаднало кога речиси секој почнал да чува домашни миленичиња и да ги воздигнува на пиедестал како императорот Калигула, кој својот коњ го прогласил за сенатор и конзул.

Во Отоманската империја, исто така, распадот почнал од моментот кога јавните функции станале објект на рушвет, непотизам и башибозук со систематско деформирање на институциите.

Социјалниот ритам во еуфемистички наречената „Наша земја“, веќе ептен „одлепи“.

Минатата година се одобрија и промовираа работни листови за животни вештини за средношколци, со сугестивно прашање: како знаете дека не сте хомосексуалец, ако не сте пробале?

Работата оди натаму да може да се самоидентификува како неопределен, животно, предмет. Само не Македонец!

СоцијалДУИстичкиот сојуз продолжува да носи „храбри и тешки одлуки“. Еве, уфилмен „европски“ наместо македонски претседателски кандидат, блефер под кодно име „Пациент“, предлага никој да не може да биде функционер ако нема „справка о несотрудничестве с Россией“.

Ама, затоа давајгазовците опсесивно мантраат за глобалистичката џендер агенда со обезличување, отуѓеност, фрустрации и бришење на меморијата. Кој е против, тој е за изолација!

Стуткано, избришано, заборавено!

Поврзани новости