Мета ги одложи локалните избори во Албанија, Рама му порача дека извршил политичко смоубиство

by Фокус

Албанскиот претседател Илир Мета ги одложи локалните избори во Албанија првично закажани за 30 јуни, образложувајќи дека тоа е единствен начин да се избегне евентуална есклација на состојабата на земјата, која, според него, би можела да прерасне во граѓански конфлкт.

– Како шеф на државата и претставник на единството на народот, сметам дека во моментов постои сериозна закана за јавната сигурност, демократската стабилност, смиреност и општествен мир во земјава – рече Мета.

Откако премиерот Еди Рама оцени дека Мета извршил политичко самоубиство, неговите социјалисти почнуваат постапка за разрешување на претседателот.

-Ние како лидерство на Социјалистичката партија, сметаме дека Илир Мета го изгуби правото на својата позиција и секако дека албанскиот парламент ќе започне постапка за разрешување на Илир Мета од местото претседател на републиката – истакна Елиса Спиропали, портпарол на владеачката Социјалистичка партија.

Инаку, социјалистите на Рама контролираат 75 пратеници во парламентот, но за да го сменат Рама од функцијата ќе мора да обезбедат двотретинско мнозинство од 93 пратеници, а одлуката да ја потврди и Уставниот суд, што, според познавачите, е тешко изводливо. Веќе подолг период, во Тирана се одвиваат жестоки протести под водство на опозициските демократи, кои бараат оставка од Рама и предвремени парламентарни избори.

Поврзани новости