Премиерот Груевски се чувствува загрозено

by Фокус

На денешната пресконференција на премиерот Никола Груевски која се одржа еден час по објавувањето на четвртата „бомба“, на новинарско прашање дали после сите случувања со прислушувањето се чувствува загрозено, тој кусо одговори:

-Да, секако.

Груевски рече дека прислушувањето го вршела странска тајна служба, која не сакаше да ја открие. Премиерот не сакаше и да ја коментира содржината и веродостојноста на телефонските разговори кои ги објави Заев. На голем дел од новинарските прашања кусо реплицираше дека одговорот на тоа прашање веќе го дал.

На прашањето зошто тој се појавува на пресконференција во својство на портпарол на МВР, а министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска не се огласува после сите овие случувања, премиерот Груевски строго одговори дека тој така одлучил и дека министерката ќе се огласи кога таа и тој ќе одлучат.

Поврзани новости