Популарниот турбо фолк пејач Аца Лукас синоќа имаше концерт во ноќен клуб во Охрид. Предновогодишната забава со него беше најавувана подолг период, но како што раскажуваат гости кои вчера отишле на настанот, си заминале дома разочарани.
Имено, откако испеал неколку песни, Лукас се повлекол зад сцената бидејќи му се слошило. Иако публиката го очекувала да се врати, тоа не се случило. Неофицијално, пејачот побарал медицинска помош. За неговите здравствени проблеми периодов и самиот информираше на социјалните мрежи, кога откажа неколку концерти во Србија.
-Плативме 9.000 денари за коњопој со шише алкохолен пијалок. Аца испеа неколку песни и си замина, ова е големо разочарување – коментираат дел од гостите.
Велат дека настанот бил најавен како предновогодишна еуфорија, во клуб каде капацитетот на гости изнесува околу 3.000. Голем број од присутните купиле пакет влезници од по 6.000 или 9.000 денари, во зависност од понудата.
Нема информации дали Лукас повторно ќе одржи концерт во истиот клуб кога ќе му се стабилизира состојбата, ниту пак дали оние кои веќе купиле влезници, истите ќе можат да ги искористат за друг концерт.
Вики Клинчарова