Пендаровски: Посакувам помирна година што доаѓа!

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски, по повод новогодишните празници, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

-Ви посакувам подобра и помирна година што доаѓа. Во годината што измина бевме сведоци на безбедносни, економски и енергетски предизвици кои ја зголемија нееднаквоста и го зголемија стравот за долгорочната стабилност. Сепак, изминатата година бевме сведоци и на хуманоста на луѓето со добра волја кои покрај за своите, се грижеа и за потребите на другите. Овие херои на солидарноста донираа храна, облека и лекови и го подарија своето време и внимание за да ги поткрепат оние на кои им е најпотребна помош. Многумина од нив активно се застапуваа за социјална правда и за општество со еднакви можности за сите. Враќајќи ни ја надежта во општото добро, тие нѐ потсетуваат дека сме си потребни едни на други и дека сме одговорни едни за други, се вели во честитката на претседателот Пендаровски.

Поврзани новости