Прегазено 10-годишно дете на улицата „Борис Сарафов“, каде родители протестираа поради ризичниот сообраќај

by fokus

На улицата „Борис Сарафов“ во скопската општина Ѓорче Петров, вчера  автомобил марка „мазда“ удрил во 10-годишно дете – пешак. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде било задржано на понатамошно лекување.

„Маздата“ била со скопски регистерски таблици и со неа управувал 40-годишен жител на скопското село Шишево, со иницијали Т.Ј. Настанот се случил вчера утрината, околу 07.50 часот.

Оваа улица неколку пати беше блокирана од родители и граѓани на Ѓорче Петров кои протестираа барајќи поголема безбедност за децата. Во близина се наоѓа основното училиште „Мирче Ацев“ поради што децата се загрозени од ризичниот сообраќај.

Родителите бараа од Советот на Град Скопје и од Општина Ѓорче Петров воведување на соодветна сообраќајна сигнализација, како би се заштитиле минувачите, претежно деца, но до денес прашањето останува отворено.

Поврзани новости