Призна дека ја убил мајка му, па се обидел да се самоубие, поднесена кривична за синот-убиец

by fokus

50-годишниот М.Г. призна дека ја убил својата 77-годишна мајка во семејниот дом на 19-ти овој месец. Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство“. Неговата мртва мајка била пронајдена од неговиот брат пет дна по убиството.

„Имено, на 19-ти овој месец околу 19,00 часот, додека пријавениот бил во семејниот дом, одлучил најпрвин да и го одземе животот на неговата мајка, К.Г.(77), а потоа да си го одземе и сопствениот живот. Додека неговата мајка била на креветот, М.Г. и нанел една убодна рана во пределот на градниот кош и во текот на ноќта во неколку наврати се обидел да изврши самоубиство, но не успеал во намерите. Истиот и во наредните денови, во повеќе наврати се обидувал да си го одземе животот, но не успеал, по што се откажал од намерата и одлучил да остане во неговиот дом. На 24-ти овој месец, околу 20,00 часот, во домот пристигнал братот на пријавениот, кој ја пронашол починатата мајка, а пријавениот му кажал дека тој ја убил. М.Г. бил лишен од слобода и по извршен разговор со него, го појаснил начинот на сторување на делото. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција“, велат од МВР.

Поврзани новости