Прегазена е жена во центарот на Скопје

by irena 13:24
13:24

МВР информира дека вчера рано наутро во 07:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Филип Втори Македонски“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(62) од Скопје, удрило во пешакот М.К.(46) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести