Празничниот дух ќе се распосее на плоштад

by fokus

Новогодишен базар под името „Улица на радоста“ од утре ќе ги отвори своите тезги на плоштад Македонија. Од Град Скопје велат дека централниот плоштад во Скопје од утре па се до 31-декември ќе пулсира во новогодишно расположение.

Базарот ќе им понуди на посетителите рачно изработени предмети, пригодни подароци, топли напитоци, вкусна храна и уште многу други содржини.

„Од 28 декември, на најрадосната улица најмладите посетители ќе можат да се дружат со ликовите од детската претстава „Дедо Мраза во пензија” и да прошетаат заедно со новогодишната музичка парада“, најавуваат од Градот.

На 31 декември точно во 12 часот на пладне,  традиционално Дедо Мраз ќе пристигне на Плоштад Македонија, а од Градот најавуваат дека тоа ќе биде на необичен начин со изненадување за сите деца.

Зад настанот стојат Град Скопје и Конгресен центар Александар Македонски  во соработка со Здружението на граѓани Мата (Македонска артисанска трговска асоцијација).

 

Поврзани новости