Пратениците на СДСМ, ЛДП и ДУИ не го прифатија предлогот за забрана за градби во национални паркови

by Fokus

Пратениците на СДСМ, ДУИ и ЛДП гласаа против предлогот каде се бара забрана за поставување и градење на времени објекти, живеалишта и викенд-куќи во националните паркови во Македонија.

Пратениците на опозицијата во текот на вчерашниот ден предложија да се вметне нов став за оваа проблематика, а за овој амандман гласаа само тие.

Од 110 присутни пратеници, 31 пратеник гласаа „за“ овој амандман, а 47 беа против.

Извор: МКД.МК

Поврзани новости