Пратеник од Алијанса за Албанците не сакал да чека ред на граница: Никаде не сум чекал, нема ни тука да чекам

by fokus

Пратеникот од редовите на Алијансата за Албанците Абдула Салиу вчера попладне вракајќи се од Косово не сакал да чека ред на граничниот премин „Долно Блаце“ па почнал да им вика на полицјаците. На граница дошол со својот автомобил „фолкваген пасат“ и со своето семејство.

Не сакајќи да чека, на полицајците почнал да им вика дека никаде не чекал ред, па немало да чека ни тука. Овој случај се најде и во денешниот полициски билтен, а МВР најавува дека ќе му биде изготвен и поднесок.

-По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе бидат изготвени поднесоци по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по Законот гранична контрола (избегнување гранична контрола) и по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (престигнување колона), соопштуваат од МВР.

Поврзани новости