Кинеските вакцини многу скоро ќе ги имаме во земјава, тврди Филипче

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека авансот за кинеските вакцини против Ковид-19 е повлечен, нагласувајќи дека тоа е направено за наша сигурност. Филипче потенцира дека и покрај тоа разговорите за овие вакцини се во завршна фаза и дека тие за многу скоро ќе бидат во земјава.

-Тоа го направивме за наша сигурност, секако. Никако не значи дека нема да стигнат вакцините, но со оглед на тоа што самиот процес траеше подолго време од тоа што сите ние на почетокот планиравме, понатаму се бараа многу дополнителни документи, нешто што се случува практично со сите земји и на тоа многу често ни укажуваат. Се врати дел од средствата, но навистина преговорите сега овие денови па дури и за време на викендот ми се чини се во последната фаза и мислам дека сега целокупниот тој процес ќе се заврши и навистина вакцините за многу скоро ќе пристигнат во нашата земја, рече Филипче во изјава за телевизија Канал 5.

Во однос на вакцините од Ковакс механизмот, министерот за здраство рече дека оттаму за март се најавени 20 до 30.000 вакцини од АстраЗенека. Филипче посочи дека интензивно се разговарало и со производителот на руската вакцина Спутник V, за што верува дека во текот на оваа недела ќе имаме и конкретни податоци. Исто така, се чекаат и иформации од преставништвото на Фајзер и дека драфт договорот ќе пристигне.

Поврзани новости