Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ му поставуваше „новинарски прашања“ на Заев во Штип

by fokus

Пратеникот Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ денеска дојде на собирот на СДСМ во Штип по повод локалните избори каде премиерот Зоран Заев даде изјава и одговараше на новинарски прашања. Пратеникот Јорданов „упадна“ кога прашања требаше да поставуваат новинарите на што Заев му рече дека ова е простор за новинарите. Пратеникот инсистираше и рече дека и тој има право да постави прашања поради легитимитетот кој му го дал народот и како граѓанин на Штип.

Јорданов прво беше исвиркан од присутните, по што Заев ги смируваше. Пратеникот потоа  постави три прашања:

-Прво, со кој образ ветувате дека за 9 месеци ќе ги реализирате проектите што три и пол години не ги реализиравте? Второ, дали знаете дека во компанијата ‘Баргала’, која е во роднинска врска со вашиот кандидат, пред десетина дена има исплатено плата од две илјади денари на вработените? И последно прашање кој ви дал право да преговарате во име на македонскиот народ, да го продавате македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот идентитет, праша Јорданов.

Заев потоа рече дека ова е демократија и му одговори на две од трите прашања.

-Кандидатот нема да има време да ги заврши сите проекти, но може да ги почне, зашто Николов е најсериозен кандидат за редовните избори за Штип на кои ќе добие мандат од четири години. Македонскиот народ и макеоднскиот јазик, никогаш не бил поарфирмиран од денес. Денеска нние сме Македонци кои говорат македонски јазик. Не сме веќе ФИРОМ. Денеска сме држава. Затоа ви препорачувам на најубав демократски начин да им служиме на граѓаните и да учествуваме, да не бегаме, рече Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави видео од поставување на прашњата од страна на пратеникот Јорданов, но исечени се одговорите од Заев и видеото завршува со поставување на прашањата.

 

Поврзани новости