24 граѓани починаа поради компликации од корона вирус во изминатото деноноќие

by fokus
Во последните 24 часа починати се 24 лица заразени со корона вирус. Дванаесет пациенти од Скопје (75, 64, 60, 71, 69, 79, 36, 35, 70, 61, 74, 80г), двајца од Куманово (62 и 77г), еден пациент од Струга (73г), еден од Велес (76г), тројца од Битола (60, 81 и 55г), еден од Охрид (63г), еден од Струмица (56г), еден од Крива Паланка (53г), еден од Кочани (42г) и еден пациент од Кичево (65г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67311, бројката на оздравени пациенти е 42872, на починати е 1901, а бројот на активни случаи изнесува 22538.

Поврзани новости