Пратеничката на СДСМ потврди: Јован Митрески ќе биде предложен за Претседател на Собранието

by Fokus

Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ денеска по новинарско прашање потврди дека Јован Митрески ќе биде предложен за Претседател на Собранието.

„Да, сметаме дека Талат е соодветно и добро решение. Претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажа состанок на раководството на СДСМ. На овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ“, вели Маркоска.

Поврзани новости