Познато е кога Бајден со сојузниците од НАТО ќе објави нов пакет санкции за Русија

by Fokus

На вонредниот состанок на НАТО во Брисел во четврток, претседателот Џо Бајден заедно со сојузниците ќе објави нов пакет санкции против Русија, со ефект и за земјите со намера да помогнат на Москва во заобиколување на мерките, изјави денеска Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа.  

-Тоа е значаен дел од ова следна фаза, ние ставаме огромен економски притисок врз Русија. И со цел да се одржи и зголеми тој притисок со текот на време, со нови именувања на санкционирани лица и ентитети. Со ефективно ставање во сила на тие санкции, огледувајќи се на претходните искуства со други земји, изјави Саливан на денешниот брифинг. 

Поврзани новости