Фолкерите започнаа да купуваат Мерцедес возила откако им се вратија на настапите

by Fokus

Откако повторно им се вратија на настапите во живо, но и на турнејите во странство, кои поради пандемијата беа забранети подолг период, нашите фолк пејачи започнаа да ги обновуваат своите возни паркови. Ако минатата недела фолк пејачката Сања Сани Гроздановска добиваше честитки за новиот автомобил од марката Мерцедес, деновиве честитките доаѓаат на адреса на музичарот Сашо Нојкиќ, познат како Цаки Кисми, кој исто така се подновил со возило од марката Мерцедес.

Тие не се единствените од фолк естрадата кои се решиле за автомобил од оваа марка, и голем е бројот на нивни колеги кои исто така при избор на ново возило се решаваат тоа да биде Мерцедес, како што велат, поради луксузниот изглед, но и поради безбедноста, но и впечатокот кој го остава ова возило.

Инаку, Сања и Цаки се едни од најангажираните музичари кај нас. За ,,Фокус” Гроздановска изјави дека е горда што самата доволно заработува за да може да си дозволи убав живот, и дека жените не треба од никого да очекуваат подароци, туку да се потрудат самите да бидат успешни и независни.

Цаки пак, освен што има редовни настапи кај нас, изминатиот период имаше повеќе гостувања и надвор од земјава. Пред два месеци објави видео од настап во ноќен клуб во Благоевград, Бугарија, каде качен на шанк ја пее ,,Бисер Балкански”.

-Вака се сака Македонија, со песна, порача тогаш музичарот.

Поврзани новости