Познатиот британски актер и водител Расел Бренд обвинет за сексуален напад и злоупотреба

by Fokus

Британскиот комичар, водител и актер Расел Бренд е обвинет за силување, сексуален напад и емоционална злоупотреба во текот на седумгодишниот период на врвот на неговата слава.

Наводите беа изнесени во заедничка истрага на Сандеј Тајмс, Тајмс и Канал 4 Диспече.

Четири жени обвинуваат за сексуални напади меѓу 2006 и 2013 година.

Бренд ги негираше обвинувањата и рече дека неговите односи биле „секогаш консензуални“.

Во текот на годините опфатени со обвинувањата, Бренд беше водител на радио Би-Би-Си, Канал 4 и глумеше во холивудски филмови.

Во истрагата против него беа искажани други тврдења – дека се однесувал насилно и дека сакал да контролира туѓи животи.

Пет жени излегоа со обвиненија против Бренд како дел од истрагата, изјави шефот за вести и актуелни работи на Канал 4, Луиз Комптон.

Расел Бренд во петокот објави видео во кое ги негираше „сериозните кривични обвиненија“ за кои рече дека ќе бидат поднесени против него.

Во видеото објавено на YouTube и X, Бренд рече дека „апсолутно ги негира“ сите наводи.

„Овие наводи се однесуваат на времето кога бев во мејнстримот, кога постојано бев во весниците, кога глумев во филмови, и како што пишував опширно во моите книги, бев многу, многу промискуитетен. Сега, во тоа време на промискуитет, односите што ги имав беа апсолутно, секогаш консензуални“, рече тој во видео обраќањето.

Бренд рече дека верува дека бил цел на „координиран напад“ и дека ќе го разгледа случајот бидејќи е „многу, многу сериозно“.

Бренд беше водител на многу радио и ТВ програми.

Поврзани новости