Познати спортисти вложија 200 милиони евра во Формула 1 тим

by Fokus

Голферот Рори Мекилрој, боксерот Ентони Џошуа и фудбалерите Трент Александар Арнолд и Хуан Мата се приклучија на групата инвеститори кои решија да инвестираат во тимот на Алпин, кој се натпреварува во Формула 1.

Споменатите врвни спортисти вкупно вложија неверојатни 200 милиони евра, како дел од конзорциумот „Отро Капитал“.

Инаку, она што е интересно е што актерите Рајан Рејнолдс и Роб МекЕнани станаа дел од тимот на Алпин.

– Инвестирањето во Формула 1 за мене е микс од љубов кон спортот, конкуренцијата и брзината – изјави Мекилрој.

Поврзани новости