Познат тениски новинар почина за време на Австралија Опен

by Fokus

Тажни вести споделија Англичаните кои доаѓаат од Мелбурн, каде што се одржува првиот сезонски Грен слем турнир, Австралија Опен.

Познатиот тениски новинар Мајк Диксон почина за време на турнирот во Мелбурн. Станува збор за спортски новинар кој е дел од англиски „Дејли Мејл“ од 1990 година. На стартот на кариерата тој главно работел крикет, меѓутоа потоа се специјализирал за тенисот.

За големината на Диксон и неговата добра работа во тенисот најдобро зборува и фактот дека проштални пораки испратија најголемите ѕвезди на овој спорт, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Поврзани новости