Пожарот кај Фурка се шири, на помош и армиски хеликоптер

by fokus 18:43
18:43

Пожарот кај село Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по регионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400 метри.

Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума.

Центарот за управување со кризи информира дека поради сериозноста на пожарот, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот помеѓу Богданци и Дојран, а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, градоначалниците на двете општини преку ЦУК упатија барање за ангажирање хеликоптер на Армијата. На барањето е позитивно одговорено, и армиски хеликоптер е упатен кон Богданци.

На терен се и пожарникари, противпожарни возила и вработени од шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци и Валандово, како и припадници на МВР.

Поврзани новости