Пожарот кај Бељаковце стигна до првите напуштени куќи

by fokus

Центарот за управување со кризи вечерва информираше дека пожарот кој попладнево избувна во атарот на селата Руѓинце и Бељаковце во општина Старо Нагоричане, е дојден до првите куќи на селото Бељаковце кои се одамна напуштени.

-Пожарот во село Бељаковце е сериозен. Сувата трева и ветерот прават пожарот брзо да се шири. Побаравме помош од сите расположливи пожарникарски сили да се упатат кон ова место. Рано наутро штом се создадат можности ќе полетаат двата полициски и едниот армиски хеликоптер, а веднаш потоа и двата или трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

ФОТО: Архива

 

Поврзани новости