Пожар во куќа на шестчлено семејство во Скопје

by Fokus

На улица “Катлановска“ во Скопје, вчера околу 23 часот, во куќата на 70-годишниот А.М.  настанал пожар, информираа од МВР.

Според полицијата, истиот бил изгаснат од страна на членови на семејството. Во моментот на пожарот во куќата престојувале шест члена од семејството, а за среќа нема повредени лица.

Од пожарот предизвикано е оштетување на дел од фасадата.

Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости