Пожар ја зафати шумата меѓу Берово и Пехчево, се проширил поради силен ветер

by Фокус

Од засега непознати причини, во петок изби пожар на шумска површина помеѓу селата Смојмирово и Чифлик во близина на Берово, кој беше локализиран но денес продолжи да се шири поради силен ветер, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

„На гаснењето на пожарот учествуваа околу 50 лица. На место на настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски. Бидејќи пожарот беше ставен под контрола, не беше активирана воздушната единица при Дирекцијата за заштита и спасување“, соопштија од ДЗС.

И од Министерството за внатрешни работи објавија дека вчера околу 13.00 часот во Полициката станица Берово било пријавено дека над село Смојмирово има пожар, кој истиот ден бил локализиран и ставен под контрола од мештаните и екипи од Шумското стопанство „Малешево“-Берово и Шумско стопанство „Равна река“-Пехчево.

„Во пожарот била зафатена површина на место викано „Почивалото“, место викано „Рудината“, место викано „Вишните“, сите атар на село Смојмирово, од каде се проширил кон место викано „Конар“, атар на Пехчево“, стои во полицикиот билтен.

Поврзани новости