Пожар избувна близу Дојранско Езеро

by Фокус

Пожар на отворено е пријавен кај селото Ѓопчели, село во непосредна близина на Дојранското Езеро, каде што гори сува трева со густи грмушки и нискостеблеста шума.

По дојавата за пожарот, на терен веднаш излегле пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија, со едно противпожарно возило и два пожарникара, а и од Доброволно противпожарно друштво од Дојран, со едно возило и три пожарникари, велат од Центарот за управување со кризи.

„Командирот на пожарникарите од Гевгелија бил упатен на место на пожарот и ако има потреба да се ангажираат дополнителни сили за гаснење пожар ќе извести согласно ситуацијата на терен“, велат од ЦУК.

Поврзани новости