Повторно одложено судењето на членовите на Левица

by fokus

Судењето на двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски денеска повторно беше одложено, откако обвинителката, поради семејни причини, не се појави на рочиштето.

-Поминаа речиси шест месеци од нашето приведување. Од околу 10 одржани рочишта, само на две се работеше. И по шест месеци, судскиот процес е на самиот почеток. Очигледно, бидејќи не можат да докажат дека сме виновни, сакаат да спроведуваат казнување без докажана вина. Сакаат да не скршат со одолговлекување на судската постапка до бескрај па ние да се умориме од малтретирањето, па да признаеме вина за конечно да ни заврши маката. Колку сакаат нека одложуваат рочишта, еднаш судењето ќе мора да заврши- напиша Савески на својот профил на Фејсбук.

 Савески и Куновски се обвинети дека на антивладините протести на 13 април, како дел од толпа учествувале во демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на РМ, кое се случи по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување од кривично гонење на 56 лица.

Поврзани новости