Талески му го чуваше грбот на Милошоски на прес во Битола

by fokus

Битолскиот градоначалник Владимир Талески кој три месеци помина во куќен притвор како првоосмничен во случајот „Транспортер“ на СЈО, активно се вклучи во предизборните активности на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој денеска застана зад Антонио Милошоски, на прес конференција во Битола, заедно со пратеници на партијата, актуелните советници и директори на институции од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски пак, кој во изминатите изборни циклуси беше носител на кандидатската листа за пратеници во петтата изборна единица не кажа во какво својство настапува на прес конференција во Битола, ниту пак откри дали ќе ја предводи листата и на претстојните избори. Не кажа ни кои битолчани ќе се најдат на листата, само најави дека ќе има и стари и нови кандидати.

„Сите стоиме на располагање на партијата” – рече Милошоски.

Фото:СДК.мк

Поврзани новости