Повредени полицајци и цивили во немирите во Вашингтон

by Fokus

Тотален хаос во Вашингтон. Немирите кои започнаа со упад во Капитол, ја примораа полицијата освен солзавец, да употреби и оружје. Но, тоа не ги запре демонстрантите кои кршејќи ги прозорците, упаднаа внатре барајќи ги конгресмените.

Агентите на тајната служба се повикани напомош а околу Белата куќа е поставено силно обезбедување. Трамп повика на смирување на ситуацијата, но ниту тоа не помогна да се смири ситуацијата. Дополнително, Бајден најави дека ќе се обрати пред народот но тоа само ја рагневи топлата, која газејќи се пред се, насилно се втурна во полицискиот кордон.

-Ве молам поддржете ја нашата полиција во Капитол и безбедносните сили. Тие навистина се на страната на нашата Земја. Останете мирни, обајви Трамп на Twitter.

Претходно Трамп им се обрати на неговите приврзаници во близина на Белата куќа и ги повтори тврдењата за изборна измама по што масата демонстранти се упатија кон вашингтонски Капитол. Тие потоа ги пробија неколку кородони полициски блокади и упаднаа во зградата на Конгресот во текот на седницата на која се очекуваше дека Бајден ќе биде потврден за 46-ти претседател на САД.

Потрпетседаѕелот Мајк Пенс кој ја водеше седницата, полицијата го однесе на безбедна локација. Трамп во мегувреме на Twitter го осуди Пенс „кој немаше храброст да ги заштити Земјата и Уставот“ откако не ја блокираше верификацијата на електорските гласови.

Трамп моментално ја следи целата ситуација, и одби да биде евакуиран.

 

 

 

 

 

Поврзани новости