Бајден: Трамп излези и стави крај на ова

by Fokus 22:19
22:19

Новоизбраниот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата по насилните немири. речеси налутено, Бајден ги осуди протестите. Америка е пример за чесност, толеранција и демократија, а ова денес не е тоа, го започна Бајден обраќањето.

– Во овој час, нашата демократија е под напад, вакво нешто не сме виделе, ова е напад на слободата, на градот, за граѓаните, на полицијата која ги штити граѓаните. Ова е напад на почва каква не сме виделе, на светата земја на Америка. хаосот во Капитол не ја одразува душата на Америка, и ова не сме ние. Видовме екстремисти, подготвени на се. Ова е хаос и мора да запре се. Ја повикувам топлата да се повлече и да отстапи место на демократијата. Зборот на претседателот вреди и мора да се слуша.затоа го повикувам Трамп да се појави на националната телевизија и да ја исполни својата должноста и да побара да се стави крај на ова. – рече Бајден во обраќањето.

- Advertisements -

Бајден, потоа со посмирен тон, уште еднаш ги повика демонстрантите да се повлечат и да отстапат место на демократијата. Се направивме заедно и ве повикувам и сега тоа да го направиме, рече Бајден и повторно го повика Трамп да излезе да да стави крај на простестите.

Поврзани новости