Повредени мотоциклист и сопатничка, удриле во бандера на улицата „Нов живот“

by fokus

43-годишниот З.И. од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако управувајќи со мотоцикл „Кавасаки“ излетал од патот и удрил во бандера на улицата „Нов живот“ во Скопје. Со повреди се здобила и неговата сопатничка, 34-годишната С.И. од Скопје.

„На 18.03.2019 во 17.00 часот мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од З.И.(43) од Скопје, излетал од патот и удрил во бандера. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана помош,. Додека, сопатничката С.И.(34) од Скопје се здобила со телесни повреди и по укажаната помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ била пуштена на домашно лекување. Извршен бил увид на местото на настанот“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости