Касилјас ќе ја заврши кариерата во Порто

by fokus

Голманот на Порто и легенда на европскиот фудбал – Икер Касиљас, изјави дека ќе го обнови договорот со португалскиот тим до летото 2021 година.

„Откако пристигнав во Португалија, Пинто да Коста (претседателот на Порто) се однесува на прекрасен начин со мене. Оваа седмица ќе го продолжам својот договор. По неговото завршување ќе бидам на 40 години. Дефинитивно ќе ја завршам кариерата во Порто, изјави Касиљас за „Ел Диа Деспуес“.

Касиљас го напушти Реал Мадрид во 2015-та година, за да премине на „Драгао“. Тој запиша 149 натпревари, во кои на 71 меч ја сочувал мрежата. Во овој период Порто има освоено една титула на Португалија и еден Суперкуп.

Екипата ја елиминира Рома во осминафиналето на Лигата на шампионите, а следната пречка е Ливерпул.

Поврзани новости