Повеќе од половина наши дипломати се политички решенија

by fokus 16:54
16:54

Околу 60 отсто од именуваните дипломати на Македонија се политички решенија, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Само 40 отсто се дипломати од кариера. На денешната презентација на отчетотот од неговото учество во Владата, министерот се пожали дека наследил решка ситуација.

-Наследив една тешка ситуација, екипираност на ДКП и во однос на бројност и во одност на балансот меѓу кариерни дипломати и политички именувани дипломати. Соодносот е 60 спрема 40 во корист на политички именуваните и градиме добра волја и консензус да го подобриме тој баланс – рече тој.

- Advertising -

Димитров додаде дека МНР води разговори со претседателот на државата за пополнување на амбасадорските места, од кои сега се празни 13, а во 2018 нивната бројка ќе стане 15. Преговорите, рече, се во финална фаза на првата рунда.

Поврзани новости