424
Над 200 илјади компании и индивидуалци во дури 150 држави се погодени од сајбер нападот кој започна во петокот, објави Европол.
Шефот на Европол, Роб Вајнрајт изјави дека нападот бил силен и не ја исклучи можноста од нов напад кој ги загрозува и хакира компјутерите.
„Се соочуваме со закана што ескалира и станува се поголема. Секоја година имаме по околу 200 глобални операции против сајбер криминали, но вакво нешто досега не сме виделе“, изјави Вајнрајт.
Засега најмногу напади се случиле во Русија и Велика Британија.
Вирусот се појавува кај корисникот на неговиот компјутерски монитор со барање за исплата на кинески јуани (300 долари) со назнака дека на овој начин ќе се случи ослободување на одредени фајлови од компјутерот.