Земјотресот може да е афтершок од минатата година

by Fokus 20:18
20:18

Земјотресот кој утринава ги вознемири Скопјани можно е да е афтершок од земјотресот од лани, кој имаше магнитуда од 5,3 степени, велат од Институтот за земјотресно и сеизмолошко инженерство.

Епицентарот на земјотресот е ист со земјотресот од минатата година.

- Advertisements -

„Со оглед на тоа што утринава имавме потрес со магнитуда од 4,2 по Рихтер од истото епицентрално подрачје како и лани кое беше со магнитуда од 5,3 степени, јасно е дека се работи за афтершок од тој земјотрес“, соопштуваат од институтот.

Според нив, главен индикатор за ваквата констатација е силата на земјотресот, која е помала од тогаш, што укажува дека се работи за афтершок иако се поминати 9 месеци од главниот земјотрес.

Поврзани новости