696
Синоќа во 01:05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Д.С. пријавил дека на улицата „Цветан Димов“, додека се возел во автобус на ЈСП бр.57, бил физички нападнат од страна на повеќе лица.
Откако другите патници почнале да викаат на глас напаѓачите се симнале од автобусот и избегале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.