Возач во ЈСП притиснал рака на четиригодишно дете со врата од автобусот

by fokus 12:39
12:39

Вчера во 19:40 часот на улицата „Алија Авдовиќ“ во автобус на ЈСП бр. 65 А со скопски регистерски таблици управуван од А.Д.(41) од Скопје при затворање на предната врата на четиригодишно дете-патник од Скопје му била приклештена десната рака со вратата.

Детето со возило веднаш било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди на десната рака, а по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување. Се работи на целосно расчистување на настанот.

- Advertisements -

Поврзани новости