Потребни се храбри инвестиции во агробизнисот!

by Фокус 16:59
16:59

Околу 200 претприемачи од агро бизнисот денеска присуствуваа на Агро Бизнис Форумот, кој го организираше „ПроКредит Банка“.

Присутните беа едногласни дека македонскиот агро бизнис има голем потенцијал, но се согласија дека за искористување на истиот потребно е постојано вложување во модернизација, иновации и знаење.

- Advertisements -

–Од нашето долгогодишно искуство во работата со македоснките агро бизниси, можеме да кажеме дека се зголемува свесноста за потребата од инвестиции во современа технологија и иновации. Се почесто се зборува за инвестиции во заштитни механизми-мрежи, ладилници, системи за наводнување капка по капка, калибратори, механизација, нови хибридни насади. Тоа се најчестите развојни потреби кои ги кредитираме и тоа е иднината за постигнување на поголема конкурентност, поголем принос, поквалитетен производ и подобра продажна цена на истиот, изјави Емилија Спировска, член на Управниот одбор на „ПроКредит“.

mihail

Присутните потврдија дека им недостасуваат форми и начини на вмрежување, каде може да се разменат контакти и да се градат нови бизнис соработки.

-Во „ПроКредит“ најдов повеќе од финансиска услуга. Ваквиот приод за афирмација и вмрежување е уникатна можност за пробивање на мојот бизнис. За нас секоја информација, споделено искуство, остварен контакт е клучна придобивка за бизнисот, истакна Арбен Абдурахмани, сопственик на „Везе Шари“, најголем производител на јајца во Македонија.

Агробизнисот – потенцијал за развој на економијата

На настанот беа поделени и награди за најуспешните, односно на наградените претприемачи „ПроКредит“ им овозможува саемско патување на еден од најголемите агро саеми во Европа, Fruit Logistika, во Берлин каде ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови во агро бизнисот и да оставарат бизнис контакти за меѓународна соработка и можен пласман во странство.

zemjodel1

Организаторите, „ПроКредит Банка“ веруваат дека на ваков начин даваат дополнителен придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија.

Една од наградите за најпроактивни агро бизниси во категоријата раноградинарство отиде во рацете на „Канет Агор“.

-Земјоделието бара посветеност, професионален пристап и секојдневна работа. Знаењето го црпиме од присуство на семинари, светски саеми, настани од овој тип како што организира „ПроКредит“. Ние сме меѓу ретките во Македонија кои го поседуваат ЕуроГап стандардот- светски стандард во земјоделието базиран на принципите на ХАСАП и ИСО стандардите. Тоа за нас е клучот кој ни овозможува најголем дел од нашето производство да биде наменет за извоз, изјави Кочан Адем, сопственик на „Канет Агор“.

Адем објасни дека во оваа дејност е од 2006 година. Почнале со помали оранжерии во Чашка, а потоа се прошириле во Богданици и Гевгелија, каде што купиле оранжерии во близина на површина од 22 хектари.

-Над 85% од производството го пласираме со извоз за однапред договорени купувачи. Идните инвестиции ќе ги планираме следејќи ги современите методи. Во Гевгелија веќе имаме две бушотини на топла вода кои ќе го направат производството поефикасно и видно ќе ги намалат трошоците во компанијата, истакна Адем.

Овој бизнисмен додаде и дека во „ПроКредит“ гледа партнер, со кој планира и во иднина да ја продолжат соработката.

-Почнавме со мала соработка и поддршка со обратни средства, за да во моментот оваа банка да биде моја доминантна банка која ме поддржа во една од главните капитални инвестиции, купувањето на оранжерии со долгорочен кредит прилагоден на динамиката на работење на мојот бизнис. Ова е банка која знае да ги препознае потребите на земјоделието и соодветно да ги финансира. Се надевам дека соработката не само што ќе продолжи туку и ќе се зголемува во иднина. Во ПроКредит гледам повеќе од партнер за финансирање. Со оглед дека ПроКредит постојано организира настани за афирмација на своите клиенти, во соработка со банката гледам можност да дојдам до нови бизнис контакти и знаења за трендовите во земјоделието, заклучи Адем.

Треба да се препознае успешната приказна

Добитник на една од наградите за иновативен пристап во работењето е и компанијата  „Везе Шари“, производител на јајца и свинско месо.

-Нашиот бизнис отиде чекор понапред, онаму каде што другите не размислуваа. Нашата биогасцентрала ќе користи суровини пред се од изметот на кокошките, остатоците од прерабтките на месо, потоа ѓубре од краварските и свињарските фарми од регионов, комињата од винарниците и целосниот отпад од земјоделски производи. Не е исклучено во иднина да можеме да примаме и остатоци од храна на рестораните, болниците и друго, истакна сопственикот Арбен Абудрахмани.

prok

Тој појасни и како ја започнале соработката со „ПроКредит“ банка.

-Почнавме со градбата и во еден момент дојдовме во тешка ситуација за финансирање на проектот. Иако ние не бевме клиент на „ПроКредит“ во такви непријатни моменти банката ни излезе во пресрет и за само три недели ни го одобри бараниот износ и тоа со доста поволна каматна стапка. Бев многу пријатно изненаден дури ми беше и чудно како може една банка со која не сме соработувале претходно да ни дава поволна каматна стапка од нашата банка со која бевме од самото основање, истакна Абудрахмани.

Наградените агро бизнис претприемачи за 2014

„Ветеринар“ (производство на јајца)

„Канет Агро“ (производство на зеленчук)

ТД ДЗП „Клечовце“ (прозиводство на житни култури)

ГД „Тиквеш“ (производство на грозје)

„Агро-Нени“ (органско производство на сирење)

„Дием“ ГП (преработка на овошје и зеленчук)

„Тргопродукт“ (преработка на овошје и зеленчук)

„Вита Рес“ (производство на концентрат за сокови од овошје и зеленчук)

„Вант“ Струмица (откуп на овошје и зеленчук)

„Орепром-М (откуп на овошје и зеленчук)

„Везе Шари“ (најголем производител на јајца)

„Флора Фреш“ (нано технологија на производство на црши и јаболка)

„ИЗ Роксана“ (најголем производител на кајсии)

„Танталовски Пере“ (производство на овошје со систем за интегрална заштита на почвата и околината)

В.С.

Поврзани новости