Тешка сообраќајка со жртва кај Романовце (Видео)

by fokus

Тешка сообраќајка се случи вечерва околу 23 часот пред патарината кај Романовце, на патниот правец  Куманово – Скопје кога се судриле камион и автомобил.

Според непотврдени информации, во сообраќајката загинала млада девојка. Од Министерството за внатрешни работи се уште нема официјални информации за несреќата и за жртви.

Сообраќајот на едната лента од автопатот беше во прекин, а од фотографиите и видеото коишто ни ги пратија се гледа големо полициско присуство.

МВР треба да излезе со детали по увидот од несреќата.

Поврзани новости