Постигнат договор: Предвремени избори во април, Груевски си оди пред Нова Година, а опозицијата се враќа во Парламентот од септември

by Фокус

По денешните маратонски преговори на еврокомесарот Јоханес Хан со лидерите на најголемите партии, конечно вечерва во доцните часови падна договор. Според брифизните, предвремени парламентарни избори ќе се одржат во април, оставка на премиерот Никола Груевски се очекува пред Нова Година, при што влада со нов премиер ќе се формира најдоцна до 15 јануари, 2016 година.

Исто така, според постигнатиот договор, по предлог на опозицискиот СДСМ ќе биде министерот за внатрешни работи и за труд и социјала, како и заменици министри со право на вето во финансии, земјоделство и јавна администрација. Од септември е договорен и независен јавен обвинител што ќе ги испитува „бомбите“ што ги објави лидерот на опозиционерите Зоран Заев.

Освен тоа, договорено е опозицијата да се врати во парламентот од 1 септември.

Европските дипломати  се задоволни од исходот и побараа договорот да биде имплементиран што побргу за Македонија да се врати на евроинтеграцискиот пат.

 

Поврзани новости