Содржината на постигнатиот договор на политичките лидери

by Фокус 11:26
11:26

Договорот кој синоќа доцна по полноќ, по многучасовни преговори беше постигнат во резиденцијата на ЕУ во скопската населба Пржино, беше објавен на страницата на СДСМ: 

Во согласност со договорот постигнат на 2 јуни, член 6 параграф прв, во кој се вели „До 10 јуни партиите треба да се договорат за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите“, на 19 јуни партиите повторно го потврдија своето придржување кон гореспомнатиот договор во писмена форма и се согласија да ги продолжат разговорите.

- Advertisements -

Овој Протокол го комплетира првиот параграф од член 6. Тој станува интегрален дел од Договорот од 2 јуни.

Долупотпишаните страни се согласија на следното:

1. На 1. септември СДСМ ќе се врати во Собранието, како што е предвидено во вториот параграф од член 6, од Договорот од 2. Јуни.

2. На 20 октомври 2015 нов министер за внатрешни работи ќе биде именуван по предлог на СДСМ, по консултации со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Именувањето на овој министер треба да биде од технички карактер.

3. На 20 октомври нов министер за труд и социјална политика ќе биде именуван по предлог на СДСМ.

4. На 20 октомври нови заменици министри ќе бидат именувани за следниве министерства:

– За внатрешни работи, именуван од ВМРО-ДПМНЕ

– за труд и социјална политика, именуван од ВМРО-ДПМНЕ

– за финансии, именуван од СДСМ

– за земјоделство, водостопанство и шумарство, именуван од СДСМ

– за информатичко општество, именуван од СДСМ

Овие заменици министри ќе имаат целосно право да ја надзираат работата или да ставаат вето во нивните министерства на сите правни, финансиски или кадровски одлуки кои се во врска со организацијата на изборите.

Сите гореспомнати министри и заменици министри ќе останат на своите функции во новата влада, во согласност со следните одредби наведени подолу.

5. Актуелната влада ќе поднесе формална оставка на Собранието во соодветно време за да овозможи новата влада да положи заклетва на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори што треба да се одржат на 24 април 2016 година. Новата влада ќе биде предводена од премиер номиниран од ВМРО-ДПМНЕ. Нејзината програма ќе биде ограничена на организација на предвремените парламентарни избори.

6. Погорното правило дека актуелната влада треба да даде оставка и да ја напушти функцијата 100 дена пред следните избори и дека нова влада треба да биде именувана, ќе биде применето на изборите во април 2016 година, а по усвојувањето на неопходните законски измени, ќе се применува и за идните избори.

7. Страните се обврзуваат дека ќе се придржуваат на договореното во целост и со добра волја. Страните се обврзуваат дека нема да поставуваат нови препреки , вклучително и во врска со одржувањето на изборите.

8. Во третиот параграф на членот 6 треба да се дополни на следниот начин: по зборовите „итна акција“, следниот текст треба да се додаде:

„До 15 септември 2015 година ќе се именува Специјален обвинител, со целосна автономија за дела во врска со и што произлегуваат од пресретнатите снимени разговори. Специјалниот обвинител ќе биде именуван со согласност од долупотпишаните страни.

Скопје, 15 јули, 2015 година

Поврзани новости