Eврокомесарот Јоханес Хан на новинарите пред резиденцјата на ЕУ во Црниче, доцна вечерва им соопшти дека „е постигнат договор“ на лидерската средба и дека предвремени парламентарни избори ќе има.

– Имаме договор, потпишан од лидерите, задоволен сум од тоа што се постигна, со ова ќе се отворат вратите на земјата за ЕУ и НАТО-интеграциитe. Треба да сме горди на лидерите – рече Хан.

Иако официјално не се кажува, што се зборувало, се дознава дека паднал договор Груевски да си оди од функцијата околу Нова година.

Еврокомесарот Хан кажа дека разговарал по телефон со Викторија Нуланд, во кој ја известил дека е постигнат договор.

На својот Твитер-профил, европратеникот Ричард Ховит, кој за разлика од колегите Едуард Кукан и Иво Вајгл, кои заминаа порано, остана во вилата на Водно, кажа дека е постигнат договор за враќање на опозицијата во парламентот, за воспоставување нова влада и за предвремени избори.

11039104_10204541332756763_6792821105462607434_n

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.