Постхумна награда за Леонид, основачот на фолк фест Валандово

by fokus

На валанадовчанецот Леонид Манчев, истакнат културен деец кој е еден од основачите на најстариот фестивал на новокомпонирани фолк песни во земјава, Валандово, постхумно ќе му биде доделена награда за животно дело. Од организацијата на фестивалот информираат дека истата награда ќе го носи неговото име, и ќе продолжи да се доделува и во наредните изданија на манифестацијата.

Исто така, на годинашното 34-то издание на фолк фест Валандово, ќе биде доделено и признание на бардот на македонската народна песна, Никола Бадев, по повод сто години од неговото раѓање.

Фестивалот ќе се одржи на 30-ти и 31-ви мај. Првата вечер е од ревијален карактер и ќе бидат исполнети песни од наши истакнати текстописци како Огнен Неделковски, Ѓорѓи Барбаровски, Томислав Которчевиќ и други, кои оставиле белег на фестот. Втората вечер е од натпреварувачки карактер и ќе бидат изведени 20 песни.

За време на гласањето свое музичко шоу на сцената ќе има Сузана Спасовска, додека пак водители на настанот ќе бидат Ирена Спировска и Ѓорѓи Калајџиев. Водителскиот пар последен пат го водел фестивалот пред дваесет години, на 14-то издание.

Вики Клинчарова

Поврзани новости