Последните зборови на Марадона

by Fokus

Внукот на легендарниот Диего Марадона, Џони Еспосито била последната личност која го видела фудбалскиот великан пред смртта. Токму Еспосито откри кои биле последните зборови на Марадона пред да почине.

„Тешко ми е, се чувствувам лошо“, рекол фудбалерот па заминал да спие, откако претходно се разбудил и имал мала прошетка. И никогаш не се разбудил.

Залудни биле обидите на лекарските екипи да го реанимираат, а Марадона ќе остане запаметен како најголемиот виртуоз во фудбалската игра.

Поврзани новости