Добрила Кацарска избрана за судија на Уставниот суд

by Fokus

Собранието на Република Македонија попладнево на продолжение на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд.

Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за судија на Уставниот суд беше претходно завршен.

По изборот Кацарска даде свечена изјава за стапување на функцијата.

По завршувањето на 20. седница, пратениците преминаа на точките од 21.

Поврзани новости