Последен поздрав за Панчо

by irena 14:45
14:45

Семејството, роднините, пријателите и фановите на починатиот македонски пејач Владимир Блажев – Панчо, денеска се простија од него.

Опелото за музичарот се изврши во црквата Свети Илија во населбата Аеродром во Скопје, а потоа тој беше погребан на Градските гробишта Бутел.

Голем број ужалени денеска беа во црквата Свети Илија за да го кажат последното збогум за Панчо, меѓу нив и многу јавни личности.

Владимир Блажев – Панчо е 63-та жртва на страшната трагедија што се случи пред точно седум месеци во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Вчера, на плоштадот „Слобода“ во Штип, се одржа комеморативен настан под мотото „ѕвездено небо во чест на Панчо“, како симболичен израз на благодарност и сеќавање од неговите сограѓани и обожаватели.

Слични вести