Поштарите повторно ќе носат пензии до врата

by fokus 09:31
09:31

АД Пошта повторно ќе почне на пензионерите да им ги доставува своите пензии до дома. Ова услуга ќе биде достапна за сите пензионери кои пензијата ја примаат на сметка во Халк банка или во НЛБ банка.

Како што објави Пошта, секој пензионер кој сака пензијата да ја добива дома треба да пополни формулар во банката. Цената на услугата е следнава:

📍За пензии до 5.000,00 денари – 70,00 денари

📍За пензии од 5.001,00 до 9.000,00 денари – 100,00 денари

📍За пензии од 9001,00 до 15.000,00 денари – 130,00 денари

📍За пензии над 15.000,00 денари – 160,00 денари

Поврзани новости