Португалското претседателство ги претстави приоритетите: Прашањата меѓу С. Македонија и Бугарија мора да бидат решени

by fokus 18:37
18:37

Португалскиот министер за надворешни работи Августо Сантош Силва изјави во Европскиот парламент дека целите на неговата земја како претседавач на ЕУ во областа на проширувањето се „прилично амбициозни“.

-Ние сакаме да придонесеме за одобрување на преговарачките рамките со Северна Македонија и Албанија и да ги продолжиме тековните преговори со Србија и Црна Гора, изјави Сантош Силва во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ).

- Advertisements -

Неколку европратеници посочија дека ЕУ не смее да ги заборави БиХ и Косово, како и на препреките и проблемите што Бугарија, како што рече членката на АФЕТ, Изабел Сантош, и ги поставува на Северна Македонија на патот кон ЕУ.

Европратеникот Андор Дели ги посочи разликите во пристапот кон процесот на проширување помеѓу Советот и Европскиот парламент и го праша португалскиот министер што ќе направи за да се забрза спроведувањето на новата методологија за преговори.

-Ниту една измена од оваа методологија не е воведена, кажа Дели, додавајќи дека се „потребни позитивни пораки за да се забрза процесот на проширување“.

Европратеникот Андреас Шидер праша на кој начин ќе се работи за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Шидер исто така рече дека е заинтересиран што ќе се случи со дијалогот меѓу Косово и Србија.

-Мислам дека е важно Европа да го преземе водството во тој дијалог, кажа европратеникот.

Одговарајќи на прашањата на пратениците, Сантош Силва кажа дека прашањата меѓу Северна Македонија и Бугарија мора да бидат решени, бидејќи тоа „се одразува на ЕУ во целина“, дека тие се надеваат на напредок во тој процес и дека одлуките од минатата година во врска со отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да се спроведат.

Поврзани новости