Поради попустливите политики на владата, денеска престанува важноста на личните документи, велат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Владата на СДС и Димитар Ковачевски свесно создадоа хаос со промена на патните исправи, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Првото понижување владата на СДС и Ковачевски го направи со промена на уставното име. Потоа, со промената на личните документи, а сега и со тоа што Република Грција го информира светот дека патните исправи на граѓаните од Македонија од 12 февруари се неважечки.

Грција буквално слави победа над Македонија, а Ковачевски збор не изустува. Каде е сега Ковачевски да зборува за проевропски вредности и принципи?

Ова ли е таа проевропска вредност? Па во која друга земја од Европската унија се случува ова кое што се случува во Македонија и тоа само поради попустливите политики на владата на СДС и Ковачевски? Владата на СДС и Ковачевски ја понижија државата и граѓаните каде стигнат.

Ова ли е проевропска вредност, да ги малтретираш сопствените граѓани да си ги менуваат патните исправи и да им создаваш дополнителни трошоци?“ прашуваат од опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, вина за ваквата состојба има и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој, како што велат, свесно ја остава МВР без обрасци, за народот да се револтира.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ информираше дека недостасуваат обрасци, Спасовски и Ковачевски не обвинува дека манипулираме со јавноста, за денеска да се испостави дека единствени што лажат и манипулираат се токму тие од СДС. Мора да се стави на овој хаос“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости