Поповски: Не е точно дека бегаме од новинарите!

by fokus

Кабинетот на министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, ја демантира веста дека ги советувал ПР службите на министерката Шекеринска да бегаат од новинарите.

„Ваквата информација не е точна, а за тоа говори самиот факт што министерката Шекеринска даде изјава и одговараше на новинарски прашања после настанот за промоција на Стратегијата за едно општество, при што присутен беше и министерот Поповски.

Во дискусијата која претходеше на дадените изјави за медиумите, министерот Поповски им појасни на медиумите дека сите пораки за Стратегијата за едно општество ќе бидат презентирани на самиот настан, и дека организаторот на настанот не предвидел изјави за медиуми. Но, откако беше увидено дека новинарите се веќе позиционирани за изјава и бараат одговори на новинарски прашања, истите им беа овозможени, а министерката Шекеринска одговори на сите прашања“, велат од кабинетот на Поповски.

Поврзани новости