Поповска до Заев: Македонците не присвојувале туѓа историја, било обратно

by Фокус

Неприфатливо е да се посипуваме со пепел како Македонци, ни криви ни должни, вели актуелната пратеничка од ДОМ Лилјана Поповска, во однос на изјавата на премиерот Зоран Заев за грчката телевизија Алфа дека земјава присвојувала светска, балканска и туѓа историја.

„Никогаш Македонците ниту присвојувале туѓи територии, ниту туѓа историја. Било обратно, зашто нашите соседи пред нас формирале свои држави и обезбедиле моќни сојузници. Се уште има живи сведоци за македонските голготи и неприфатливо е некогашните завојувачи да ни држат придики. Напротив, во духот на европските вредности за меѓусебно почитување и толеранција, треба да ја прифатат историјата каква што била и да им се извинат на Македонците за сето зло и болка што им го нанеле“, напиша Поповска на фејсбук.

Таа е поранешна претседателка на ДОМ, која е дел од владејачката коалиција на чело со СДСМ на Заев.

Поврзани новости